Таа потенцира дека приоритет на ДОМ ќе биде толеранцијата, разумот и соработката помеѓу граѓаните, религиите и партиите.
„Ова е нашиот политички пристап и метод на делување како основа за развој на демократијата. Веруваме во моќта на дијалогот и ненасилството и бараме спојни точки со другиот, различниот. Сите сме сограѓани и треба да се почитуваме како луѓе независно од разликите. ДОМ се залага за разумни, одмерени политики кои тргнуваат од желбата да се разбере ставот и интересот на другиот.“ – истакна Филипова.
Носителот на советничката листа на ДОМ додаде дека заеднички е интересот за просперитетна земја и организирана локална самоуправа по мерка на човекот.