Наградата на овој наш уметник, со свечени пригодности му беше деновиве врачена во Скопје, каде што присуствуваа делегации на државниот врв од земјава, односно, кинескиот амбасадор во земјава Циу Џивеи. Пратеничката Силвана Бонева, истакна дека овој ден има огормно значење за сите нас. „Овој филм на Урдин е производ не само на неговите талкања во Африка, туку на неговите претходни искуства. Тука се Планетариумот создаден по двегодишното патување низ светот, кој праќа силна порака до човештвото да ја чуваат природата.“ – изјави Бонева.
Од многуте освоени награди на Урдин, авторот оваа ја издвои како најдрага. Причината е значењето на фестивалот, кој носи порака за подигање на свеста кај човекот за загрозените животни и потребата од зачувување на природата.