Станува збор за македонски долгометражен филм, музичка комедија, кој прикажува дел од животната приказна на битолската музичка група „Молика“.
Во изработката на филмот учествувале групата „Молика“ и драмското студио „Солза и Смеа“ со продукциската куќа “Деимкаст“. Сниман во Битола, хотелот Бисер во Струга, во Сараево на Башчаршија, на регионални патишта, граничниот премин Меџитлија , аеродромот Александар Велики и селото Клепач.
Почеток на проекциите е 20.00 часот, цена на билетот 100 денари.
Карти во продажба на билетарата секој ден по 15.00 часот.