Филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски е овогодишен македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, одлучи, Друштвото на филмски професионалци на Македонија.

Комисијата избираше помеѓу филмовите “Трето полувреме” на Дарко Митревски, во продукција на Кино око, “Жената која ги избриша солзите” на Теона Стругар Митевска, во продукција на Систерс енд Брадр Митевски и “Скопје Ремикс” на група режисери, во продукција на Ново македонско видео.

Филмот “Балканот не е мртов” на Александар Поповски, во продукција на Кино око,  од технички причини навремено ја повлече својата кандидатура, се вели во соопштението на Друштвото за филмски професионалци на Македонија.

Друштвото за филмски професионалци на Македонија, како асоцијација овластена од страна на Американската академија за филмски науки и уметности, го направи изборот за национален македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

OhridNews
извор:„Макфакс“