Поради големиот интерес на публиката, од Центарот за култура „Григор Прличев“ информираат дека повторно ќе се прикажува  филмот: “Трето полувреме”, во режија на Дарко Митрески.

Кино проекциите ќе бидат на 3-ти, 4-ти, 7-ми, 10-ти, 11-ти, 12-ти јуни, со почеток 20 часот. Цена на билетот е 100 денари.

Филмот „Трето полувреме“ при премиерното прикажување во октомври предизвика голем интерес кај охриѓани. Неколкуте проекции беа проследени од над 2000 љубители на филмската уметност.

OhridNews