Ученици од основното училиште Христо Узунов со свои филмови учествуваа на Интернационалниот фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм- CAMERA 300 што се одржа во Битола. На фестивалот ОУ „Христо Узунов“ зеде учество со филмовите: „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од авторот Христина Митреска и „Сјајот на Охридското Езеро“ од авторот Евгенија Стојановска, а сите под менторство на наставничката Вера Зороска.
Фестивалското жири на тимот од Охрид му додели Специјална награда Плакета за придонес во аматерскиот документарен филм. Во официјална проекција беше филмот „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, а во кој учествуваше Евгенија Стојановска.
– Особена чест и задоволство ни е тоа што за прв пат ваква награда се доделува на училиште. Голема благодарност до семејствата на учениците-автори, кои несебично помагаа при реализација на проектите, на Гоце Миланоски за монтажа на филмовите, на Викторија Пановска, поранешна ученичка на ОУ„Христо Узунов“, за помош при превод на текстовите од македонски на ангилски јазик и се разбира на директорот на училиштето Тони Симоновски за севкупната подршка, вели Зороска.
Фестивалот на аматерски документарен филм во Битола се одржа по 25-ти пат.
OhridNews














