Манчестер Јунајтед во Лос Анџелес од каде ќе ги започне подготовките му приреди филмска презентација на Ромелу Лукаку.

Репрезентативецот на Белгија со „црвените ѓаволи“ потпиша петгодишен договор, а Евертон од неговиот трансфер ќе заработи 75 милиони фунти.

Лукаку не го криеше своето задоволство после презентација и во интервјуто со Пол Погба изјави дека со нетрпение ги чека мечевите на Олд Трафорд.

Корпулетниот напаѓач ќе го носи бројот девет на дресот, кој минатата сезона го имаше Златан Ибрахимовиќ.

OhridNews