Од денес до 18- ти април, на кино репертоарот во Центарот за култура, ќе се прикажува филмот „Овде и таму”, комедија- драма во режија на Дарко Лунгулов, во главните улоги со Дејвид Тортон и Мирјана Карановиќ.
„Овде и таму“ е прогласен за најдобар филм со Србија во 2009 година, а има освоено и 16 интернационални награди на преку 50 фестивали ширум светот.
Се прикажувал во Германија, Австрија, Турција, Грција и во многу други европски дежави. Во САД бил прикажан во 24 градови за време на 4 месеци, а доби одлични критики од познати списанија како „Њујорк тајмс“, „Холивуд Репортер“.
Почеток на проекциите е во 19 часот, влез 100 денари.