Новак Ѓоковиќ и Анди Мареј ќе играат во финалето на завршниот АТП турнир во Лондон. Дуелот меѓу најдобрите двајца тенисери на светот ќе биде тениска посластица на крајот од сезоната.
Ѓоковиќ славеше убедливо над Нишикори со 2-0 (6-1.6-1) за нешто повеќе од еден час игра. Претходно Мареј добро се намачи во дуелот со Раонич кој го доби со 2-1.
– Бев добро тактички подоговен и добро го започнав мечот. Кеј беше уморен и го искористив тоа. Полека ја подигам својата форма и стигнувам до финалето и до мечот кој сите го посакуваме. Се надевам на добар меч и на одлична престава за тениските фанови – рече Ѓоковиќ.
За прв пат во финалето во О2 Арената ќе се сретнат “еден два“ тениските рекети, а ќе се игра во недела со почеток во 19 часот.