Сегашната и минатата екипа на Перо Антиќ, Фенербахче односно Олимпијакос ќе ги одмерат силите во финалниот натпревар во Евролигата.
Олимпијакос по многу возбудувања и пресврти го совлада тимот на ЦСКА Москва со 82-78 во полуфиналето, додека турците носени од домашната публика во Истанбул кој е домаќин на Ф4 завршницата го победија Реал Мадрид со 84-75 и обезбедија меч за „сефте“ титула во европскиот кошаркарски крем.
При најавувањето на полуфиналните мечеви македонскиот интернационалец во редовите на Фенербахче, Перо Антиќ посака финале меѓу неговите два клуба и се оствари и сигурно ќе ужива во шансата за титула во Евролигата.
OhridNews