Ждрепката во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони на мегдан ги однесе актуелниот европски шампион, Реал Мадрид и германскиот првак Баерн Минхен, додека Ливерпул и Рома ќе водат битка за вториот патник во финалето.

Првите мечеви се играат 24 и 25 април, а реваншите 1 и 2 мај. Финалето се игра во Киев на 26 мај.

Двојки 1/2 финале: Баерн Минхен – Реал Мадрид, Ливерпул – Рома

OhridNews