Швајцарските тенисери, Рожер Федерер и Стен Вавринка ќе се сретнат во финалето на мастерс турнирот кој десеттина дена се одржува во Индијан Велс.
Федерер место во финалето обезбеди совладувајќи го миленикот на публиката Џек Сок во два сетови (6-1, 7-6) во полуфиналето. Популарниот „Федекс“ за еден час и 15 минути го победи Сок кој напредуваше многу на мастерс турнирот пред своите гледачи.
Третиот носител на АТП листата, Вавринка за сат и пет минути во два сетови (6-3, 6-2) го совлада Пабло Карено Буста. Швајцарецот доминираше во два сетови и не му дозволи на Карено Буста да се разигра и да покаже што знае и умее.
Финалето на мастерс турнирот во Америка се игра вечерва со почеток во 21 часот.
OhridNews