Репрезентацијата на Австрија по четврти пат својата историја стигна до златен медал во ова натпреварувања, прв после 1998 година.


– Финалниот меч во целост ги оправда очекувањата. Двата тима играа одлично во одбраната, имаа свои моменти во фазата на напад, и двата тима брзо одговараа на поените на противникот. Мечот имаше одличен тек и беше одлучен во последните секунди. Очекувам овај триумф да биде првиот чекор кон враќање на австриската кошарка на вистинските патеки – истакна гостинскиот тренер Мајк Крес кој го одведе тимот до четвртото злато.

Македонскиот селектор, Лидија Милкова иако задоволна не го криеше разочарувањето по “тесниот“ пораз во финалето.


Лично сум задоволна , го извлековме максимумот но не успеавме да триумфираме, таков е спортот. Физичката подготвеност и искуството беа на нивна страна. Ние имавме наши шанси кои на жалост не ги искористивме, Австрија водеше во целиот тек од мечот и заслужено победи – рече Милкова.

Постигна 12 поени, го имаше последниот удар за продолжение, но топката не ја посака и Македонија го загуби мечот.


Среќата ни го заврте грбот. Бевме толку блиску, но некои удари за не влегоа, неколу топки место во нашите, завршија во рацете на австријките. Нијанси го одлучија победникот кој за жал не бевме ние – рече Славица Димовска.

Селекторот Милкова лоцираше дел од недостатоците за успех на ваквите собири.

– Сами знаеме каква е конкуренцијата на квалификациите, навистина недостига на прво мeстo работа со младите. Од оваа генерација само Гаврилоска се откажува додека другите ќе продолжат да играат, најмногу фали силна лига, бидејќи кошаркарите кои играат во домашниот шампионат не се навикнати да играат силни мечеви -смета Милкова.

Таа напомена дека очекува во договор со челните луѓе на МКФ да се изнајде модул за да се продолжи континуитетет настапи на женската репрезентација.

М.П.