Финалето на Европското првенство во ракомет ќе има македонски шмек, откако најдобрите судии Славен Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија довербата од ЕХФ за делење на правдата.

Назначувањето за судии на финалниот натпревар само по себе е голем предизвик и обврска, но со оглед на отсудените натпревари македонската судиска двојка ја заслужи оваа чест. Повеќе од една деценија, тандемот Николов – Начевски „шпартаат“ по Европа и го „гасат“ огнот на терените кога е најгусто.

Големото финале се игра в недела. Учесниците во натпреварот вреден златен медал ќе се дознаат после полуфиналните натпревари кои се утре (петок) на програмата.

OhridNews