Светската фудбалска куќа (ФИФА) по се изгледа одлучи Мундијалот во Катар 2022 година да се игра во последните месеци од календарот.


Собирот на светските фудбалски ѕвезди би почнал на 26 ноември, а би завршил на 23 декември кога темпаратурите во земјата домаќин максимално достигнуваат 25 степени.

Во јуни и јули кога обично се игра Мундијалот температурите во Катар достигнуваат до 42 целзиусови степени пак минималните се 31 целзиусов степен.

Клубовите се најголеми противници за одигрување на СП во последните месеци од календарската година.

Тие се против бидејќи две сезони ќе се направи хаос во првенствата, Лигата на Шампиони и националните купови.

Мх.П.