Словенскиот судија Дамир Скомина ќе ја дели правдата во финалето од Лигата на Шампиони кое ќе се одигра на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

42-годишниот арбитар е еден од најдобрите судии на стариот континент моментално и очекувано ја доби довербата од УЕФА за финалниот натпревар во кој ќе се сретнат англиските ривали Тотенхем – Ливерпул.

Оваа сезона, Скомина на Ливерпул му судеше еднаш во шестата рунда од фазата по групи кога „црвените“ со 1-0 го совладаа Наполи и обезбедија пласман во елиминациската фаза, додека на Тотенхем не му судел оваа сезона.

Најголем дострел во судењето на Скомина е финалето во Лигата на Европа помеѓу Манчестер Јунајтед – Ајакс пред две сезони. Во ЛШ оваа сезона го поништи првиот гол после прегледување на видео снимка на дуелот Ајакс – Реал Мадрид, а досуди пенал за Манчестер Јунајтед во средбата со ПСЖ.

OhridNews