Вкупниот ќар од финалниот меч во Лигата на Шампиони се проценува на повеќе од 265 милиони евра, со што финалето во континенталната лига го става рамо до рамо со најкомерцијаланото финале на светот – америчкиот Супербол.

Победникот во финалето Манчестер Јунајтед  своето конто го “здебели“ за отприлика 110 милиони евра,а според податоците на Мастеркард, Челси заработил “само“ 40 милиони евра.


Покрај “кешот“ кој го заработија, контото на клубовите ќе биде зголемено и на различни начини  растот на цената на играчите кои настапија во финалето, потоа од продажбата на ТВ правата, зголемениот број на сезонски карти, како и подобрување на спонзорските договори.

Градот Москва кој беше домаќин на финалето, доби финансиска инекција вредна 44 милини евра, што е за 20 милиони повеќе од минатогодишната заработка на Атина. Според проценките секој од присутните 50.000 навивачи на натпреварот во просек за ова задоволство потрошил по 800 евра.


Вкупно 120 милиони луѓе пред малите екрани го следеле финалето на малите екрани, а најмногу од нив 20 милиони Англичани. Најголем приход, од продажба на рекламен блок заработила телевизиската куќа ИТВ која успеа на свој клиент 30 секунди-рекламен блок да му продаде за 350.000 евра.

ohridnews