Српскиот фудбалски арбитар Милорад Мажиќ ја доби довербата од УЕФА за делењето на правдата во финалето во Лигата на Шампиони кое ќе се одигра на 26 мај во Киев помеѓу мадридски Реал и Ливерпул.
За 45-годишниот Мажиќ, кој ФИФА знакот го има од 2009 година судењето во финалето во ЛШ ќе му биде најголем дострел и најголемо признание за судиската кариера. Мажиќ, круна на кариерата ќе има летово кога ќе биде дел од „луѓето во црно“ на СП во Русија.
Последен српски арбитар кој последен бил дел од финале во ЛШ бил Миливоје Гугуловиќ кој го судел финалето 1973 година на белградската „Маракана“ помеѓу Ајакс и Јувентус.
Финалето во Лигата на Европа ќе го води Бјорн Кјуперс од Холандија, а силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид – Олимпик Марсеј.
OhridNews