Англискиот вицепрвак Манчестер Сити испрати трета и финална понуда од 44 милиони евра до тимот на Ливерпул за Рахим Стерлинг.


„Црвените“ ги одбиваа првите две понуди кои изнесуваа 30 и 35 милиони евра, а „граѓаните“ имаат големи намери и пуштија трета далеку побогата.

Стерлинг се најде во центаро на англиската јавност по јавното критикување на Брендан Роџерс и одбивање да патува со екипата на турнеајата во Америка и Австралија.

Претходно, минатата сезона англискиот репрезентативед го одби новиот договор кој беше „подебел“ од сегашниот кој го држи на Енфилд крилниот фудбалер.

Мх.П.