Европското првенство во Хрватска дојде до самиот крај, односно до мечевите кои ќе поделат медалите на 23-от континентален собир.

За одличјето со златен сјај ќе се борат Шпанија и Шведска, додека во малото финале силите ќе ги одмерат Франција и Данска.

Според букмејкерите фаворит е Шпанија, но „викинзите“ елиминирајќи ја Данска во 1/2 финалето и победувајќи ја Хрватска во групите покажаа дека се „убијци“ за фаворити.

„Црвената фурија“ плени со смирената игра во напад и гранитната одбрана, додека Шведска негува брз ракомет кој моментално е модерен во светот. 

Финале во загребската Арена се игра во 20 часот и 30 минути, а натпреварот за бронзен медал започнува точно во 18 часот.

OhridNews