Натпреварите од шестата рунда од Е-Х сегментот во Лигата на Шампиони ќе ги одгатнат сите прашања околу патниците во нокаут фазата во најеминетното клупско натпреварување во Европа.
Најинтересно ќе биде во Е групата каде три екипи (Ливерпул, Севиља и Спартак Москва) се борат за двете места. Ливерпул со девет бодови и домашен натпревар против Спартак Москва е во најдобра позиција. Екипата на Севиља гостува кај Марибор и во свои раце си ја судбината.
Италијанскиот преставник Наполи ќе се крсти во Манчестер Сити кој треба да го совлада Шахјтор, а „азурите“ да победат кај Феенорд за продолжување во ЛШ.
Во Г групата Порто и Лајпциг со ист број на бодови се борат за втората позиција на табелата, откако Бешикташ си го обезбеди првото место. Порто на домашен терен го пречекува Монако, додека германците ќе се судрат со Бешикташ пред своите гледачи.
Во Х групата Борусија Дортмунд и АПОЕЛ ќе се тркаат за третото место на табелата, откако првите две ги освоија Тотенхем и Реал Мадрид.
Двојки:
Група Е: Ливерпул – Спартак Москва, Марибор – Севиљал.
Табела: Ливерпул 9, Севиља 8, Спартак Москва 6, Марибор 2
Група Ф: Феенорд – Наполи, Шахјтор – Мен Сити
Табела: Мен Сити 15, Шахјтор 9, Наполи 6, Феенорд 0
Група Г: Лајпциг – Бешикташ, Порто – Монако
Табела: Бешикташ 11, Порто 7, Лајпциг 7, Монако 2
Група Х: Реал Мадрид – Борусија Дортмунд, Тотенхем – АПОЕЛ
Табела: Тотенхем 13, Реал Мадрид 10, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2.
OhridNews