Режисерот Џеј Џеј Абрамс го финализира изборот на глумци за филмот „Војна на ѕвездите: Епизода VII”, продолжение на култната научно фантастичната сага на Џорџ Лукас.

На листата на актери кои ми можеле да се појават во новиот филм од познатат франшиза e и Лупите Нјонг’о. „Huffington Post“ пишува дека глумицата се состанала со режисерот Абрамс со кого разговарала околу евентуалниот ангажман.

Минатата недела светските медиуми онјавија листа на глумци кои конкурираат за главната машка улога. Тоа се Џеси Племонс, Џон Бајега, Метју Џејмс Томас и Реј Фишер, додека Адам Драјвер од серијата “Girls” веќе подолго време се споменува како потенцијален главен негативец. Во конкуренција се уште и Гери Олдман, Мајкл Фасбендер и бенедикт Камбербач. 

OhridNews