Во спортската сала „Билјанини Извори“ вечерва ќе се одиграат завршните натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, со кои ќе биде ставена точка на уште едно успешно издание исполнето со извонредни натпревари, фер-плеј и одлична спортска атмосфера.

Натпревар за трето место:
Гостилница кај Мече : ЈП Охридски Комуналец – 21 часот
Финале:
АСП ПАК : ГРАНИТ X – 22 часот
Финалната вечер се одржува во чест на Денот на ослободување на Охрид – 7 ноември, со цел преку спорт, дружење и позитивна енергија да се одбележи овој значаен празник на градот.
Организаторите очекуваат одлична атмосфера и вистински спортски спектакл достоен за големото финале на турнирот Ohrid FREED 2025.
Влезот е слободен!
OhridNews










