Уште точно 50 дена останаа до почетокот на Атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ кој втора година ќе се организа во Охрид.

Спортскиот настан кој ја одбележа 2017 година во Охрид привлече големо внимание кај јавните личности од сите фели. На стартот на 3 јуни и околу целиот настан ќе продефелираат амбасадори, министри, доктори, спортски и културни ѕвезди.

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ најавува неверојатен спортски настан и викенд кој ќе биде збогатен со ноќна трка и забава, а почеток на второто издание ќе означат луѓето позади сцената на Охрид ТрчаТ со промотивна трка.

Пријава за учество сите заинтересирани можат да пополнат на интернет страната Ohridtrcat.mk.

OhridNews