Вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути ќе се одиграат натпреварите по кои ќе се дознаат освојувачите на одличја на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“.

Финалната програма ќе започне со мечот за трето место во кој ќе се сретнат екипите на Кристи и Вивс Трејд и Пупе Компани. Големото финале закажано е во 22 часот, а силите ќе ги одмерат АСП Пак и Еуро Стил.

Победникот на осмиот меморијален турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“ ќе добие 80 000 денари, а парични награди има за вицешампионот и третопласираниот.

OhridNews