Вечерва, со почеток во 21 часот ќе се одиграат финалните натревари на турнирот во мал фудбал „Петровден 2018“ во с. Мешеишта.

Финалната програмата на 44-то издание на турнирор ќе започне со мечот помеѓу Сатеска – Др Баткоски во дуелот за третата позиција, а во 22 часот екипите на Мистер И и Санитарија Грини ќе ги одмерат силите во големото финале.

Организаторите најавија богат награден фонд и индивидуални награди за најдобрите.

OhridNews