Малиот маратон од три мечеви во период од седум дена, фудбалерите на Охрид, ќе го завршат утре, со дуелот против кичевски Велазерими, на СРЦ „Билјанини Извори“ во 13 часот.

Средбата од 14-та рунда, ќе означи почеток на финалните три битки на охридските фудбалери за бодови во второлигашката конкуренција.

На „рибарите“ после дуелот со Велазерими, ги очекува пресметка со Вардар Форино нагости и на крај, со Кадино на домашен терен.

Охридските „сино-бели“ после 13-ет одиграни мечеви во Втората лига котираат на шестата позиција, со два бодови помалку од петтопласираниот Кораб и со пет бодови предност во однос на седмопласираниот Кадино.

OhridNews

 

Втора МФЛ: Охрид – Велазерими за Влатко Илиоски, Фатмир Бафто ќе дели правда на истокот