Од вчера до недела во Струга се настан за проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes“, во кој е учесник и Универзитетот „Св. Апостол Пвале“ претставен од проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска.

Освен Универзитетот „Св. Апостол Павле“, учесници во проектот се и СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани, Младинска секција на ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ Охрид, Правен факултет при УКЛО – Битола, Економски факултет УГД – Штип и Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје и Здружение на Агро Економиски на Р.С. Македонија

Оваа програма е испорачана во Македонија од страна на ЦЕФЕ Македонија со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија. Обуката за обучувачи е дел од проектот „Финансиска писменост за млади обучувачи – FinYes“ поддржан и ко-финансиран од страна на Американската амбасада во Скопје, инфромираат од Универзитетот.

Додаваат дека FinYes (Финансиска писменост за млади претприемачи) има за цел да ги опреми едукаторите и младите поединци во Северна Македонија со основни финансиски вештини и знаења.

Во услови на висока инфлација, несигурност на цените и геополитички хаос, ефективно финансиско планирање и управување со ресурсите станаа клучни во денешниот свет кој брзо се менува. Општата визија на проектот е да им овозможи на младите од провинциските области на Македонија да планираат и да работат на нивната финансиска независност, потенцираат од Универзитетот.

OhridNews