Во присуство на амбасадорот на Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија, министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, директорот на ЈП колекторски систем- Скопје Владимир Алексијоски и директорот на шпанската компанија ИДОМ консалтинг, инженерство и архитектура, Хавиер Фернандез, се потпиша Меморандумот за соработка и договори за неповратно финансирање на консултантски и инженерски услуги за реконструкција на системот за одведување и пречистување на отпадните води на Охридското Езеро.
Со тоа се официјализираше поддршката на Шпанската Влада на нашата држава во делот на управување со води, односно заштита на Охридското Езеро и од аспект на УНЕСКО заштитено подрачје со уникатни културни и природни вредности и како значаен воден еко-систем што треба да се зачува за идните генерации, информираат од Министерството за животна средина.
Проектот се реализира како техничка помош, а целокупната техничка документација ќе биде подготвена во рок од 10 месеци.
OhridNews











