Објавен е повикот за поднесување барања за финансиска поддршка на новите лозови и овошни насади, како и на новите површини со медоносни растенија, подигнати од 1-ви октомври до 31-ви декември 2015 година. Повикот се однесува и на набавениот добиток во истиот период од признати одгледувачи.

Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство рокот за пријавување е до 29-ти февруари годинава, а право на користење на средствата имаат евидентираните, регистрирани земјоделци.

Максималната вредност на инвестициите кои, зависно од типот се кофинансираат 50 до 75 отсто, е до 2,5 милиони денари за новите и до 6,5 милиони денари за набавениот добиток. Барањата за финансиска поддршка и на овој оглас се поднесуваат електронски. Детални информации за повикот може да се прочитаат на www.ipardpa.gov.mk.

Досега за оваа намена биле исплатени преку 1,1 милион евра на повеќе од 400 земјоделци.

OhridNews