Од локалната самоуправа ги информираат земјоделските стопанства и откупувачи на земјоделски производи дека е во тек рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка за органско производство, кој ќе трае до 25 декември.

Барања се поднесуваат за следните намени:

– Преработка на органски производи и производи во преод од домашно производство, вклучително доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло
– Трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и производи во преод од домашно потекло
– Стручна контрола и сертификација
– Анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршено агрохемиски, педолошки или анализа на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2017 година.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

До 25 декември 2017 година се поднесуваат и барања за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во прерабоувачки капацитети и винско грозје во регистрирани капацитети за прозводство на вино во Република Македонија.

OhridNews