Екипи при ЈП „ Градски гробишта“ и останатите општински јавни претпријатија ја финализираат изградбата на мини плоштадот, на пресекот на улиците „ Питу Гули“ и „ Марко Нестороски“ .
На малиот плоштад кој е со површина од 15о метри квадратни, се врши тампонирање на просторот, се поставуваат бекатон плочки, ивичници.
Плоштадот ќе биде и хортикултурно уреден, а ќе бидат поставени и клупи и фонтана. На неодамна одржаната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од Урбаната заедница „ Горна влашкаа маала“ било договорено да се изврши и санација на тротоарите на оваа крстосница,како и да бидат реализирани низа други комунални зафати.
OhridNews