Финишираат подготвките за стартот на четвртиот Велигденски турнир во мал фудбал кој од 26 март до 12 април ќе се одржи во спортската сала “Билјанини Извори“.

Според предвидениот план, 24. екипи ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи. Ждрепката е закажана за в сабота 24 март од 19 часот во просториите на ЈП “Билјанини Извори“

Меѓу пријавените екипи е и минатогодишниот победник екипата на Вис Пој, која и ќе го отвори турнирот.

– Нашата цел е да победи најдобриот тим – вели директорот на ЈП “Билјанини Извори“ , Боро Шајн.

Новина na турнирот, е зголемениот паричен фонд на наградите, големиte изненадувања за публиката и прогласувањето на најдобар фудбалер после секој натпревар во двете екипи.

Ohridnews