Фудбалерите на Охрид со пораз ги започнаа натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад откако изгубија на домашен терен од екипата на Велазерими 2-1 (1-1).

Тимот на Велазерими до трите бодови стигна со погодокот на Ибраим Мирлинд во 90-та минута. Играчот кој влезе од клупата највисоко скокна во казнетиот простор и со глава ја затресе охридската мрежа.

Двете екипи со отворен гард го започнаа натпреварот. Гостинската екипа прва зададе удар постигнувајќи водечки погодок во 7-та минута преку Имери Албулен. Охридските „сино бели“ не останаа покусо и возвратија со иста мера во 15-та минута. Ромео Кочоски погоди за 1-1.

Шанси имаше до крајот од првиот дел, но мрежите мируваа и на одмор се замина со 1-1.

Стартот од второто полувреме не донесе допадлив фудбал, но шанси имаше на двете страни. Охрид се закани преку Кипријан Петрески, но гостинскиот голман Раиф Мисерлоски беше на место и спречи радост на домаќините. На спротивната страна Адили Мурат ја имаше најизгледната прилика, но домашниот чувар на мрежата Оливер Митрески добро се постави и одбрани.

Сепак, Митрески неможеше ништо да стори во 90-та минута кога Мирлинд со одмерен удар со глава ја погоди спротивната страна и ја затреси мрежата.

Во четирите минути судиското продолежение, „рибарите“, не направија прилика да изедначат и избегнат пораз на стартот од сезоната.

Во втората рунда, Охрид, на домашен терен го пречекува Гостивар.

Мх.П.