Фудбалерите на Њукалс останаа без три важни бодови во битката за опстанок во Премиер лигата, откако примија погодок во судиското продолжение и ги поделија бодовите со Вулхермптон ремизирајќи 1-1.

„Страчките“ поведоа со погодокот на Хајден во 56-та минута и водството го чуваа до петтата минута од судиското продолжение. Вулверхемптон во финишот фрли се на една карта, а наградата стигна во финишот кога Боли погоди за 1-1.

Екипата на Њукасл има само бод предност од Саутемптон кој се наоѓа во опасната зона за испаѓање. Борбата за премиерлигашки живот ќе биде исто интересен како трката за титулата и четвртата позиција на табелата која води во ЛШ.

OhridNews