Екипата на Арсенал со триуфм против германскиот првак Баерн Минхен 2-1 ги започна натпреварите на Интернационалниот куп за шампиони, кој се одржува во текот на летниот период.

Мрежите во првите 45 минути мируваа, а тимовите се отворија во второто полувреме. Арсенал со автоголот на Луис Познански поведе со 1-0 во 48-та минута од натпреварот. Полскиот голгетер Роберт Левандовски во 71-та минута изедначи на 1-1, а „топчиите“ до триумфот дојдоа со голот на Едвард Нкетија во 88-та минута од мечот.

Во втората рунда од рамките од Интернационалниот куп за шампиони, Арсенал ќе ги одмери силите со португалска Бенфика додека Баерн Минхен ќе се сретне со Реал Мадрид. Мечевите се играат сабота према недела рано наутро.

OhridNews