Европскиот првак Реал Мадрид на титулата од Лигата на Шампиони го додаде трофејот од Супер купот на Европа, откако ја совлада Севиља 3-2 после продолженија.


Во финишот од мечот „кралевите“ со голот на Серхио Рамос го изедначија резултатот 2-2 и обезедија дополнителни триесет минути возбудувања.

Претходно, Фабио Асенсио погоди за Реал Мадрид, а андулузијците преку Франко Васкез и Конопљанка го свртија исходот во своја полза.

Одлуката за победникот падна во 119-та минута кога дефанзивецот Дани Карвахал погоди за ново водство, што минута подоцна значеше победа и нов трофеј.

OhridNews