Еден шведски бизнисмен е осуден да плати глоба во висина од 20.000 евра заради пребрзо возење на еден остров во Финска. Во оваа земја висината на казната се одредува спрема приходите на прекшителот. Во зона каде што брзината е ограничена на 30 км/ч тој возел со брзина од 67 километри.

Во склад со законот, на тој бизнисмен кој тргувал со недвижнини, му е одредена казна од 50 дневници по 410 евра, затоа што довел во опасност човечки животи. Дневницата е пресметана според неговата даночна пријава од 2006.

Судот како отежнувачка околност го навел фактот дека во близина на местото на прекршокот имало повеќе училишта. Локалниот тужител изјавил дека Швеѓанецот поминал добро: „Ако некој за 100% ја надмине дозволената брзина, може да оди в затвор“.