Италијанскиот калчолигаш Фиорентина му оддаде големо признание на Габриел Батистута откако тој влезе во „Куќата на славните“.


„Батигол“ постигна 207 погодоци за „виолетовите“ во девет сезони, тој беше заштитен знак на „Артемио Франки“ и муза на навивачите.

Признанието не го остави рамнодушен Аргентинецот, кој „скршен“ со солзи во очите се заблагодари на сите во клубот.

Мх.П.