Калчолигашите Фиорентина и Интер му се придружија на Рома во полуфиналето во Купот на Италија.
Во четвртфиналето каде се игра еден натпревар пред своите гледачи „виолетовите“ беа подобри од Аталанта 3-1 додека „нероазурите“ на Џузепе Меаца славеа со 2-0 против Сампдорија.
Полуфиналистите во италијанскиот куп ќе го комплетира победникот од дуелот Наполи – Удинезе.
Мх.П.