Екипите на Фиорентина и Каљари во кои Давиде Астори помина поголем дел од кариерата во негова чест ќе ги повлечат дресовите со бројот на 13 кои ги носеше.

Капитенот на „виолетовите“ ненадејно почина во неделата претпладне во хотелската соба во Удине во која престојуваа фудбалерите на Фиорентина.

Иако многу се пишува низ светските медиуми, сепак, официјално соопштение за точната причина за смрта која ја трогна Италија и ги одложи сите мечеви нема.

31-годишниот фудбалер ќе биде погребан во Фиренца во четврток, а Фиорентина и Каљари се погрижија да живее вечно.

УЕФА донесе одлука мечевите од Лигата на Шампиони да почнат со минута молк со што ќе му се оддаде почит на несреќниот Астори.

OhridNews