Екипата на Фиорентина не го заборави семејството на Давиде Астори кој ненадејно почина во хотелската соба во градот Удине минатата година во пресрет на мечот со Удинезе.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, „виолетовите“ на сметка од семејството од починатиот капитен уплатиле 1,5 милиони евра иако клубот пријавил загуба во 2018 година.

Смртта на Астори ја потресе италијанската јавност, а како виновници беа прогласени докторите кои ги извршиле последните прегледи на фудбалерот и не го опоменале. На двајца доктори им беше одземена лиценцата за работа, а најверојатно тие ќе се појават на суд за не` одговорно работење.

OhridNews