Екипата на Рома забележа лесна и убедлива над Фиорентина (4-0) во последниот натпревар од 23-та рунда во Серија А.
„Волчицата“, совладувајќи ја Фиорентина експресно се врати на победите по неочекуваниот пораз од Сампдорија во претходното коло.
Триуфмот кој ги врати римјаните на втората позиција на табелата го најави Џеко во 39-та минута. Во вториот дел домаќините комплетно го растурија гостинот постигнувајќи уште три погодоци. Голови за Рома постигнаа Фацио, Нанголан и Џеко кој по втор пат се запиша во листата на стрелци.
Рома со трите бодови ја зацврсти позицијата во горниот дел од табелата и сигурно чекори кон обезбедување на директен пласман во Лигата на Шампиони.
OhridNews