
ПС Струга поднесе три кривични пријави против други три лица од струшко Калишта и Струга за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Едно од нив во текот на 2007 година на крајбрежјето на Охридско Езеро без одобрение и договор за закуп на државно земјиште поставило дрвена барака, што ја користи како угостителски објект. Другите двајца осомничени спротивно на потпишаниот договор со Министерство за транспорт и врски за закуп на државно земјиште на крајбрежјето на Охридско Езеро наместо да го уредат земјиштето како сервисни пунктови, изградиле објекти од цврста градба, а по завршувањето на закупот земјиштето не го вратиле во првобитна состојба, информираат од МВР.
OhridNews












