Фудбалерот на Ливерпул и членот на бразилската репрезентација, Фирмино не остана без одговор на изјавите на Серхио Рамос. Шпанецот кој кумуваше на повредата на Салах и потресот на мозокот на Кариус изјави дека се плаши во медиумите да прочита дека Фирмино се разболел од неговата пот.

Фирмино кој се подготвува со „кариоките“ за Мундијалот во Русија кратко одговори на новинарското прашање поврзано со Рамос. – Не сакам да ги коментирам неговите изјави. Тој си има свој поглед на работите во финалето во ЛШ, но мислам дека е голем идиот.

Реал Мадрид со победата 3-1 во финалето против Ливерпул стигна до третата титула по ред, а 13-та вкупно во историјата.

OhridNews