Седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи на 30 јуни 2014 година, со директен пренос на МТВ1. Во ова коло ќе бидат извлечени добитниците на стан, деловен простор, автомобил и 150 вредносни ваучери. Неизвлечените коверти од второто, третото, четвртото, петтото и шестотото извлекување, исто така ќе учествуваат во ова 7-мо извлекување.

Досега од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, чиј приредувач е Државната лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за финансии, се доделија еден стан, еден деловен простор и пет автомобили, како и вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари.

И за ова коло, Државната лотарија на Македонија подготвува караван на наградната игра кој ќе започне во понеделник 16 јуни, па се до сабота, 28 јуни. Ова ќе биде караван со најголема покриеност на градови низ Македонија досега.

Пунктови на Државната лотарија на Македонија, во Охрид и Струга ќе бидат поставени на 28-ми јуни 2014 година, на продажните места „Прагма Трејд“ и „Кики Твинс“.

OhridNews