На 17.08.2022 година околу 09.30 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 46 и 47, двајцата од Охрид, информираат од СВР.

При преглед извршен врз 46 годишното лице полициските службеници пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР.

OhridNews