Семејна расправија во село Горенци прераснала во физичка пресметка информираат од СВР Охрид.

На 27.10.2021 година во 19,35 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир, семејна расправија и физичка пресметка помеѓу 49 годишно лице од селото Горенци, општина Дебарца и 27 годишно лице од една и 24 годишно лице, од друга страна, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews