Физичка пресметка помеѓу две групи во Струга.
На 08.11.2021 во 22,15 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода четири лица на возраст од 50, 24, 30 и 26 години, сите од Кичево, затоа што околу 21.45 часот на улицата ,,Пролетерски Бригади“ во Струга, физички нападнале две лица на 31 и 55 годишна возраст, двајцата од Струга. При преземање мерки, полициските службеници кај едно лице пронашле и одзеле пиштол „ЦЗ-85 Лугер“ калибар 9 мм и една рамка со 12 куршуми, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.












