Расте насилството помеѓу младите. Последниот инцидент полицијата го евидентирала вчера во Струга. Околу 16 часот, на улицата „Маркс и Енгелс“ нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 23-годишен жител на Струга, врз 17 годишно момче од Охрид.
Напаѓачот е повикан во полициската станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
OhridNews